Ливерпул одбил блиску 85 милиони евра за Нуњез поради една причина

Саудискиот клуб Ал Наср во јануарскиот преоден рок се обидел да го ангажира напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез. Наводно овој тим понудил 75 милиони евра, плус бонуси кои би можеле да пораснат на 85 милиони.

Имало значен напредок во преговорите за Уругваецот, но во последен момент Ливерпул се повлекол од продажба. Причината е поради тоа што Арне Слот не можел да најде замена, и затоа се одлучил да го задржи.

Оваа сезона Нуњез има четири голови на 18 натпревари. 25-годишниот фудбалер дојде во Ливерпул во 2022 година од Беника за сума од 75 милиони евра, плус 25 милиони како бонуси.

Се вчитува...