„Ако Манчестер не ангажира најмалку пет добри фудбалери, идната сезона ќе испадне од Премиерлигата“

Легендарниот поранешен играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, смета дека на сегашниот тим на Рубен Аморим му недостига столб и доколку клубот не привлече барем пет квалитетни нови играчи на секоја позиција, тимот би можел да се вклучи во битката за опстанок во Премиерлигата следната сезона.

Сколс е загрижен од тимот, и дека на екипата му треба нов костур за да се надева на успеси во Премиерлигата.

„Има некои многу загрижувачки работи. Сите знаеме дека Рубен Аморим има многу работа, особено на трансфер пазарот, но јас не го гледам костурот на овој тим. Кога гледате други тимови, го гледате столбот на составот. Во Ливерпул имаат одличен голман, одличен централен дефанзивец, напаѓачи, играчи од средниот ред, се. Мислам дека Јунајтед нема ништо од тоа на ниту една позиција. Мислам дека ни треба нов голман, веројатно двајца централни бекови, двајца играчи од средниот ред, двајца напаѓачи. Еве ќе останам со еден централен играч од средниот ред и еден централен напаѓач, но со малку повеќе висина и квалитет за да создадам костур. Откако ќе го поставите тој костур, можете да додадете други делови на него. Ова е многу важно. Досега се лоши, ако не ангажираат засилувања, сликата ќе се повтори и идната сезона, а тоа ќе значи и битка за опстанок“, ја сподели својата загриженост Сколс.

Се вчитува...