Фудбалската репрезентација на Тунис доби нов селектор

Фудбалската федерација на Тунис го назначи Сами Трабелси за селектор на сениорската репрезентација. Трабелси на таа позиција го замени Фаузи Бензарти, кој беше разрешен во октомври.

Трабелси веќе беше селектор на туниската репрезентација од 2011 до 2013 година, кога се откажа откако тимот не успеа да се пласира во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации.

Новиот селектор на Тунис истакна дека негова главна цел е пласман на Светското првенство во 2026 година. За време на својата играчка кариера играше со репрезентацијата на Тунис на Светското првенство во 1998 година.

Се вчитува...