Артета остана без напаѓач во Арсенал: Крај на сезоната и за Каи Хаверц

Арсенал се соочува со огромна криза во играчкиот ростер по најновата повреда што ја заработи Каи Хаверц за време на тренинг-кампот на „топчиите“ во Дубаи.

Резултатите од деталните прегледи донесоа уште поголеми главоболки за Микел Артета, повредата на мускулот е многу сериозна и Хаверц ќе отсуствува најмалку три месеци од терените, а огромни се шансите дека тој воопшто нема да може да заигра фудбал до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Артета до крајот на сезоната е без помошта на Габриел Жезус, а во моментов повредени се и Сака и Мартинели, кои би требало да паузираат уште најмалку по дваесетина дена.

Во една таква ситуација, јасно е дека „топчиите“ се соочуваат со огромни проблеми да ја продолжат победничката серија, нешто што им е неопходно во обид да го стигнат Ливерпул на врвот на премиерлигашката табела.

Се вчитува...