Добри вести за Реал Мадрид пред „Копа дел Реј“

Тренерот на Реал Мадрид, Чус Матео има причина да биде среќен пред почетокот на „Копа дел Реј“ со оглед на последните вести поврзани со повредата на еден од најдобрите кошаркари во тимот, Џанан Муса.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина заработи повреда на левото стапало во првата четвртина на натпреварот против Ефес, а и покрај тоа што се обиде да продолжи да игра, го проследи второто полувреме од клупата, а потоа и следните два натпревари против Фенербахче и Леида.

Отсуството на кошаркарот кој во Евролигата бележи просек од 15.4 поени беше огромно, но добро за „кралскиот клуб“ е тоа што истата сега во целост е надмината па тој ќе може да настапи на престојниот шпански Куп.

Во четвртфиналето Реал Марид го очекува натпревар против Манреса.

Се вчитува...