Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски се пласираше во финалето на еден од најсилните турнири во светот, Г2-турнирот „Турција Опен 2025“.
Георгиевски запиша три фуриозни победи, во борбите со репрезентативците на Турција, Узбекистан и во полуфинале против еден од најдобрите теквондисти на светот, Имајулзада Нихат.
На годинашниот Г2 турнир „Турција Опен 2025“ кој се одржува во Анталија, присутна е цела олимписка таеквондо елита.
„Сребрениот медал и сериозни поени од овој турнир се веќе обезбедени за следните олимписки игри, но јасно е дека Дејан ќе го напаѓа и златото во Анталија“ – порачаа од Македонската таеквондо федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

