Нема да има алкохол на СП 2034 во Саудиска Арабија

Саудискиот принц Калид бин Бандар Ал Сауд во разговор за светските медиуми откри дека за време на Светското првенство во 2034 година во Саудиска Арабија нема да биде дозволено консумирање алкохол.

Тој нагласи дека нема да има исклучоци и дека алкохолот нема да биде дозволен во хотели, ресторани или стадиони. Оваа одлука доаѓа откако алкохолот беше делумно дозволен за време на Светското првенство во Катар во 2022 година.

„Нема да дозволиме алкохол на Мундијалот, луѓето можат да се забавуваат и без него. Не е стопроцентно потребно, а ако сакаш да испиеш нешто, направете го тоа откако ќе ја напуштите нашата татковина. Во моментов не служиме алкохол“, рече Ал Сауд.

Се вчитува...