Арсенал остана и без вториот напаѓач Каи Хаверц, откако денеска потврди дека Германецот заработил тешка повреда за време на тренинг кампот на тимот во Дубаи.
Хаверц добиваше шанса поради повредата на Габриел Жесус, кој исто така ќе паузира до крајот на сезоната. Тоа значи дека Артета остана без напаѓачи во главната фаза од сезоната, и тоа значително ќе ги намали шансите за престигнување на Ливерпул, и освојување на титулата.
Покрај Хаверц и Жесус, Артета нема да може во идниот период да смета ниту на Букајо Сака, кој исто така е повреден. Се очекува Леандро Тросард да добие шанса во нападот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

