Талентираниот дефанзивец на Барселона, Пау Кубарси го продолжи договорот со Каталонците до 2029 година, соопштија од клубот. Тој минатото лето веќе го продолжи договорот на максимум три години, бидејќи се уште беше малолетен.
Откако минатиот месец стана полнолетен, челниците на „Каталонците“ веднаш му понудија четиригодишен договор, и тој прифати.
Се шпекулира дека Кубарси има клаузула од 1 милијарда евра, но тоа не е официјално потврдено. Тој е еден од школата „Ла Масија“ и уште од сега се наметнува како стандарден во одбраната на шпанскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА