Страшна вест: Екс фудбалер на Баерн Минхен ја изгубил функцијата на мозокот

Кинескиот 18-годишен фудбалер Гуо Џиаксуан е на смртна постела, откако ја загубил функцијата на мозокот по удар за време на меч на тренинг камп во Шпанија.

Овој млад фудбалер бил дел и од младинската академија на Баерн Минхен, а во моментов настапувал за Пекинг Гуан. Тој бил удрен со колено во главата, откако неговиот тим Гуан играл против Алкобендас од Шпанија.

Бил пренесен во болница, но ударот бил фателен. Докторот во болницата ја соопштил страшната дијагноза: огромно крвавење на мозокот, и шансите да преживее се минимални. Болницата планирала да го исклучи од апаратите, соопшти неговиот брат.

Но, таткото одбил неговиот син да биде исклучен од апарати, и барал да биде префрлен во Кина каде за него ќе се крижат тамошните лекари.

Се вчитува...