Поранешниот италијански репрезентативец доби условна казна затвор

Италијанскиот дефанзивец на Ајакс, Даниеле Ругани денеска судот во Торино го осуди на 6 месеци условна затворска казна, парична казна од 2.000 евра, одземање на возачката дозвола и одземање на неговиот автомобил „Масерати“, пишува весникот „Газета дело спорт“.

Казната на 30-годишниот фудбалер е затоа што на 21 јули 2023 година, кога бил фудбалер на Јувентус, бил фатен како го управува својот автомобил во алкохолизирана состојба, а потоа имал сообраќајна несреќа без смртни последици. Неговото ниво на алкохол во крвта било над дозволената граница во Италија.

Дефанзивецот има 7 натпревари за италијанската репрезентација до 2018 година. Сезонава настапи на вкупно 17 натпревари за Ајакс кај италијанскиот тренер Франческо Фариоли како позајмен од „Старата дама“.

Се вчитува...