Втора година по ред, Кристијано Роналдо е најплатениот спортист на светот со заработка од 260 милиони евра. 215 од нив доаѓаат од саудискиот клуб Ал Наср, додека 45 милиони евра португалскиот фудбалер ги заработил преку реклами.
Роналдо е убедливо најплатениот спортист на светот. На второто место со заработка од 153.8 милиони долари се наоѓа кошаркарот на Голден Стејт Ворирос, Стеф Кари, а по Американецот следи боксерот Тајсон Фјури со 147 милиони евра.
Топ пет листата ја комплетираат фудбалерот Лионел Меси со 135 милиони евра и кошаркарот Леброн Џејмс со 133.2 милиони евра.
Меѓу 100-те најплатени спортисти има и место за тројца Балканци. На 13 место се наоѓа грчкиот кошаркар Јанис Адетокумпо со заработка од 97.8 милиони евра, на 32. место е Србинот Никола Јокиќ со 57.5 милиони евра, а Лука Дончиќ се наоѓа две места подоле со заработка од 55.9 милиони евра.
На списокот кој го објави американскиот портал „Спортико“ се наоѓаат спортисти од 27 земји и осум различни спортови. Од 100-те најплатени дури 35 се дел од НБА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

