Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака не е блиску до враќање на терените, бидејќи последните денови се појавија чувства откако клубот објави негови фотографии во теретана за време на тренинг кампот на тимот во Дубаи. Според „Сан“, англискиот репрезентативец, кој беше опериран на крајот на декември, би можел да пропушти уште осум недели и да се врати на терените дури кон средината на април.
Изданието тврди дека нема компликации со неговата повреда, но со оглед на сериозноста на повредата, клубот нема да ризикува и ќе чека што е можно подолго за да се осигура дека Сака ќе биде целосно закрепнат.
На листата на повредени на Арсенал се наоѓаат и Каи Хаверц и Габриел Жесус, со тоа во битката за титулата Микел Артета има огромни проблеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

