Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, неодамна во свој стил кажа дека е најдобар светски фудбалер на сите времиња, без разлика дали ќе дојде до бројката 1000 голови или не.
Ова предизвика бурни реакции во јавноста, а еден од оние кои го коментираше ставот на Роналдо е Анхел ди Марија. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Јувентус, Бенфика рече дека Меси е многу подобар од Роналдо.
„Секогаш ги давал тие изјави, и секогаш се труди да биде најдобар, и тоа не е спорно. За жал, е роден во погрешно време, затоа што во исто време е роден уште еден кој има волшебно стапче. Едниот има осум Златни топки, другиот пет, тоа е голема разлика. Исто така голема разлика е што тој е светски шампион, и има два трофеи во Копа Америка. Има многу разлики меѓу двајцата, и мислам дека Меси е подобар од Роналдо“, изјави Ди Марија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

