Позицијата на португалскиот тренер Серхио Консеисао останува под знак прашалник, откако италијанските медиуми јавуваат дека имал несогласувања со Златан Ибрахимовиќ.
Како што пишува „Кориере дело спорт“, недовербата на тренерот е уште поголема по поразот од Феенорд во Лигата на шампионите, а атмосферата е се полоша.
Португалецот не успева да изгради хармонија со Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот пред мечот со Феенорд рече дека Милан „има два тима“, и со тоа го демантираше Консеисао, кој кажа дека во тимот има недостаток на играчи.
Исто така за Рафаел Леао, кој беше ставен на клупата на два меча пред дуелот во Ротердам, истакна дека е „еден од најдобрите на светот“.
Клубот исто така му забележува на португалскиот тренер за реакцијата по поразот од Феенорд. Се тврди дека тренерот ќе добие отказ ако испадне од холандскиот тим во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

