Арсенал ја продолжи победничката серија во Премиерлигата совладувајќи го Лестер во 25. коло со 0-2 благодарение на головите на Микел Мерино.
Шпанецот се постави како фантастична замена, добивајќи шанса во 69. минута која фантастично ја искористи. Во 81. минута со глава од шестнаесетникот го совлада противничкиот голман, а потоа во 87. минута ја завери победата со нов гол по контра напад.
Со овие три бода Арсенал ја продолжува битката за шампионската титула со Ливерпул со 53 бодови, додека Лестер продолжува за стравува за премиерлигашкиот статус со само 17 освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

