Манчестер Сити го прегази Њукасл, убедлив и Бормут

Манчестер Сити забележа нова победа во Премиерлигата откако во 25. коло на домашен терен славеше со преубедливи 4-0 против Њукасл Јунајтед.

Победата доаѓа на крила на новото засилување Омар Мармуш кој постигна хет-трик за само половина час игра, стрелајќи во 19, 24 и 33 минута на големо задоволство на домашните навивачи. Победата ја потврди Мекати со гол во 84. минута.

На убедлива победа се радуваше и Бормут кој го доби гостувањето кај Саутемптон славејќи со 1-3.

До триумф гостите ги предводеа Кватара кој стрелаше во 14. минута, Кристи кој ја затресе мрежата во 16. минута и Таварние во 83. минута. Единствениот гол за домаќините го постигна Сулемана во 72. минута.

Во остнатите натпревари:

Aстон Вила – Ипсвич 1-1
Фулам – Нотингем Форест 2-1
Вест Хем Јунајтед – Брентфорд 0-1

Се вчитува...