Проблеми без граници: Се повредија уште двајца стартери на Јунајтед

Главоболките на Рубен Аморим од ден на ден се повеќе се зголемуваат, откако покрај слабите резултати португалскиот стратег се мачи и со повредите на бројни првотимци.

Претходната седмица донесе зголемување на бројот на „пациенти“ во болницата во Манчестер, откако Коби Маино и Aмад Диало заработија повреди во пресрет на утрешниот дуел со Тотенхем. Маино го повреди мускулот и ќе паузира неколку седмици од терените, а уште посериозен е проблемот со Диало.

Крилниот офанзивец почна да блеска откако Аморим дојде на клупата на Јунајтед, но последните информации говорат дека тој има сериозна повреда на лигаментите во зглобот. Првите прогнози се дека Диало ќе паузира најмалку два месеца, а големи се шансите тој воопшто да не се врати на терените до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Ако се знае дека „црвените ѓаволи“ пред крајот на преодниот рок се ослободија и од Рашфорд и од Антони, јасно е дека Аморим ќе нема многу избор когаа станува збор за навалната линја во наредниот период.

Се вчитува...