Јувентус не губи време – ги откупи договорите на Гонзалез и на Ди Грегорио

Раководството на Јувентус заврши две одлични работи во пресрет на дербито со Интер, успевајќи да потпише долгогорчни договори со двајца важни фудбалери, голманот Ди Грегорио и офанзивецот Нико Гонзалез.

Двајцата фудбалери минатото лето пристигнаа на позајмици, Ди Грегорио од Монца, а Гонзалез од Фиорентина, но во таборот на „старата дама“ се презадоволни од нивната изданија. Голманот веднаш се наметна како главна опција за наследник на Шчесни и е апсолутен „број 1“ кај тренерот Мота, Гонзалез имаше одредени проблеми со повредите, но Аргентинецот дефинитивно поседува квалитет за да ги брани боите на најтрофејниот италијански клуб.

Поради ова, денеска беа активирани клаузулите за откуп во договорите за позајмица што ги имаа двајцата фудбалери, за Гонзалез цената изнесува дополнителни 25 милиони евра (плус два милиони ако се активираат бонуси), за Ди Грегорио клаузулата изнесуваше 14 милиони евра.

Според информациите од Италија, следен приоритет за управата на Јувентус е да се најде заеднички јазик со ПСЖ за да се продолжи престојот на Коло Муани, кој одлично се снајде веднаш по јануарскиот трансфер во таборот на „старата дама“

Се вчитува...