Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим се најде под притисок по најновиот пораз во Премиерлигата од Тотенхем во рамките од 25. коло во Премиерлигата.
Португалецот рече дека неговиот тим се соочува со многу проблеми, и дека тимот го очекува тешка задача, но дека ќе продолжи да работи за доброто на клубот.
„Имаме многу проблеми, знам дека имам тешка работа, но продолжувам да се држам до мојата филозофија. Разликата на мечот со Тотенхем беше тоа што тие дадоа гол, а ние не. Имавме свои шанси, но не ги искористивме“, рече Аморим.
„Воопшто не сум загрижен за мојата иднина. Повеќе ме загрижува позицијата на табелата. РАзбирам дека медиумите и навивачите веќе зборуваат за ова, но барам начин како да му помогнам на тимот. Мразам да губам, тоа е најлошото чувство. Секогаш се стремам да победувам“, изјави Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

