Фудбалската федерација на Англија го казни Арсенал со 65 илјади фунти за однесувањето на фудбалерите на натпреварот против Вулверхемптон во 23. коло од Премиерлигата.
Незадоволните фудбалери по контроверзна одлука за директен црвен картон на Мајлс Луис-Скели по грубиот прекршок над Доерти го опкружија судијата Мајкл Оливер, наспорти правилата и па сега добија жестока казна.
Интересно, комисијата по детален преглед на ситуацијата подоцна го поништи директниот црвен катон на Луис-Скели па младиот талентиран фудбалер му се најде на располагање на Аретата веќе за следниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

