Венгер не верува во титула на својот Арсенал

Легендарниот тренер на Арсенал, Французинот Арсен Венгер ја коментираше битката за титула во Премиерлигата во која според него апсолутен фаворит е Ливерпул.

Венгер се надева дека Арсенал ќе има шанса да стигне до титулата, но за тоа да се случи потребно е Ливерпул да се распадне, а Арсенал да влезе во перфектна низа.

„Едноставно е. Ливерпул мора да изгуби неколку натпревари за Арсенал да има шанси, но по 25 одиграни натпревари, Ливерпул загуби само еднаш. Треба да изгубат барем три натпревари во последните 13 кола, и би рекол дека има мали шанси за тоа. Да, ако Ливерпул се распадне, можат да изгубат доста бодови, но до сега загубија само еднаш па тие се супер фаворити.

За Арсенал да биде шампион, Ливерпул ќе треба да испушти доста бодови, а и Арсенал ќе треба да има перфектна серија. Се молам ова да се случи, но по се изгледа ќе треба малку повеќе да се молам“, вели Венгер.

Се вчитува...