Пет дена пред својот 33-ти роденден, бразилскиот интернационалец Касемиро откри дека не сака да го напушти Манчестер Јунајтед, и покрај тоа што раководството и навивачите очекуваа негово заминување.
Бразилецот дојде на „Олд Трафорд“ летото 2022 година од Реал Мадрид, со кој освои се што можеше да се освои, и беше клучен играч во таборот на „кралевите“. Јунајтед за него плати висока цена, оштетата беше 70 милиони евра, а заработуваше плата од 360.000 евра неделно.
Но, 2,5 години подоцна неговата цена падна на неверојатни 15 милиони евра, а навивачите и јавноста веруваат дека од него ќе почне целосната реконструкција на екипата, подмладување и кратење на трошоците.
„Дејли мирор“ ова останување на Казсемиро го окарактеризира како „лоша вест за Манчестер Јунајтед“. Јунајтед зимава се ослободи од Рашфорд, но на тимот дефинитивно му треба поголема „чистка“ во соблекувалната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

