Микел со порака до Челси: Ви треба напаѓач, купете го Осимен или Ѓокереш

Челси во последно време не игра според очекувањата. За само два месеци, екипата од 2 бода заостанување зад водечкиот Ливерпул, сега заостанува 14 бодови од првопласираниот.

Екипата и натаму покажа дека не е кадарна за врвот на табелата, односно за битката за титулата, и покрај тоа што потроши многу пари за „ремонт“ во тимот.

Џон Оби Микел, екс играчот на Челси, испрати порака до раководството на „сините“ за носење засилување во нападот.

„Секако дека го следам Челси. Од она што можам да забележам е дека недостасува напаѓач. Мојата порака е: земете го Осимен или Ѓокереш, засилете го нападот“, рече Микел.

Се вчитува...