Полскиот напаѓач Роберт Левандовски би можел да остане во Барселона уште две сезони. Неговиот договор е до јуни 2026 година, но каталонскиот гигант сака да го продолжи, за што постои опција во актуелниот договор.
Според таа клаузула, договорот би му бил продолжен за уште една година доколку одигра барем 45 минути на половина натпревари, бројка што наскоро ќе ја постигне.
Сепак, Барселона се уште се бори со ограничувањата на платите на играчите и одлучи да му понуди нов договор на Левандовски пред автоматското продолжување.
Како што пишува Спорт, изненадувачки е што клубот наместо дополнителна година на Левандовски му понудил продолжување на две години.
Како желби на Барселона за негова замена се споменуваа Александер Исак од Њукасл и Бенјамин Шешко од Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

