Италијанците шокирани: Синот на Џиџи Буфон одбра да игра за Чешка!

Италијанската фудбалска јавност е во шок откако синот на легендарниот Џанлуиџи Буфон, одбра да игра за репрезентацијата на Чешка.

17-годишниот Луј Буфон, кој е фудбалер на Пиза, одлучи да почне репрезентативната кариера, и да го облече дресот на земјата на неговата мајка. Чесите веќе објавија дека Луј Буфон ќе игра за чешката репрезентација.

Селекцијата на Чешка за фудбалери до 18 години во март ќе се соочи против Англија и Франција во квалификациите за ЕП.

Се вчитува...