Реал Мадрид ја дозна казната за својот фудбалер Џуд Белингем, кој доби црвен картон на мечот со Осасуна. Наводно на судијата му упатил пцовки, нешто кое Англичанецот го демантираше, а судијата Монтеро се најде под жесток притисок од јавноста.
Белингем сега ќе паузира на следните два меча за „кралевите“, односно на дуелите против Џирона на домашен терен и против Бетис на гости. Во меѓувреме „кралевите“ ќе одиграат и меч од Купот против Реал Сосиедад на 26. февруари.
Реал Мадрид најави дека ќе се жали на одлуката, односно ќе бара укинување на казната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

