Десниот бек и капитен на Атлетик Билбао Оскар де Маркос на крајот на сезоната ќе стави крај на фудбалската кариера, соопшти баскискиот клуб. Тој денеска им ја соопшти веста на соиграчите откако се собраа на првиот тренинг оваа недела.
Де Маркос е дел од Билбао од 2009 година, откако дојде од Алавес и за овој тим одигра над 500 натпревари во сите натпреварувања.
„Капитенот го одбра овој момент за својата најава за тимот да може да се концентрира на своите спортски цели до крајот на сезоната, со тимот на четвртото место во првенствениот поредок и обезбедување учество во осминафиналето на Лига Европа “, напишаа Баскијците во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

