Александар Исак блесна и во новата сезона постигнувајќи 19 голови и пет асистенции на 29 натпревари во Премиерлигата. Неговиот трансфер се чини неизбежен со оглед на тоа што Њукасл Јунајтед се мачи да ја исполни целта – изборување на место во Лигата на Шампионите па сега е на врвот на трансфер листата на европски гиганти како Барселона, Арсенал, Челси…
Во трката за 25-годишниот Швеѓанец е и Ливерпул кој за разлика од останатите клубови кои нема да имаат проблем да ја издвојат посакуваната сума од 100 до 120 милиони евра за негов ангажман нуди нешто повеќе од само пари.
Ливерпул е подготвен во трансфер преговорите да го вклучи и Дарвин Њунез, 25-годишниот Уругваец за кој беа извоени 100 милиони евра во 2022 година, но не се поклопува во филозофијата на Арни Слот.
Њунез би бил идеална замена за Исак во северна Англија па очекувањата се дека клубот од „Енфилд“ има најголеми шанси да стигне до услугите на фантастичниот голгетер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

