Огромни проблеми за Партизан: Заврши сезоната за српскиот репрезентативец?

Кошаркарскиот клуб Партизан се соочува со огромни проблеми по загубениот трофеј во Купот на Србија бидејќи може да остане и без услугите на Алексеј Покушевски до крајот на сезоната.

Српскиот крилен кошаркар заработи повреда на рамото во финалето и првичните информаци од нашиот северен сосед воопшто не се поволни. Станува збор за потешка повреда поради која може да му биде потребна и операција, за која ќе биде одлучено во следниот период.

Покушевски се најде на списокот на селекторот на Србија, Светислав Пешиќ за квалификациските натпревар за Евробаскет 2025, но не се појави на тренингот на тимот поради големи болки.

Се вчитува...