Астон Вила и Ливерпул ремизираа во супер-меч на „Вила парк“ во Бирмингем (ВИДЕО)

Супер-интересна пресметка меѓу Астон Вила и Ливерпул во Премиерлигата која заврши без победник, 2-2.

Во одличен меч од двете страни, Ливерпул го отвори резултат преку Мохамед Салах во 29.минута за 1-0.

Но, домашните многу брзо, со два гола уште пред полувремето, дојдоа до предност. Најпрво Тилеманс во 38. минута израмни на 1-1, а Воткинс во 45. минута донесе и 2-1 за Астон Вила.

Во второто полувреме, Александер-Арнолд израмни во 61. минута за конечни 2-2.

Се вчитува...