Ливерпул загуби два бода во трката за титулата ремизирајќи 2-2 на гостувањето против Астон Вила, а главен „виновник“ за ваквиот исход е Дарвин Нуњеез.
Уругваецот веднаш по вториот гол за Ливерпул имаше шанса да донесе целосен пресврт, несебично беше проигран од Собослаи, голманот Мартинез беше на сосема друга страна, но Нуњез наместо да ја смести топката во мрежата шутираше високо над гредата.
Големото промашување на Дарвин Нуњез може да се погледне на ОВОЈ ЛИНК.
„Црвените“ сега имаат „плус осум“, но и натпревар помалку во однос на второпласираниот Арсенал, а останува да се види дали и колку ова промашување на Нуњез ќе го искомпликува походот по титулата за тимот на Арне Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

