Лео Меси во голем стил ја почна 2025 година во дресот на Интер Мајами, предводејќи го својот тим до победа на гостувањето против Канзас Сити (0-1) во рамките од Купот на Шампионите на КОНКАКАФ.
Пред дуелот беше најавувано дека Аргентинецот можеби нема да настапи поради поларните услови на теренот (мечот се играше на минус 17 степени цепзиусови). Сепак, не само што Лесо се појави на теренот, туку тој успеа да го постигна и единствениот гол на мечот, ремек-дело со одмерен удар со десната нога откако претходно маестрално ја прими топката на гради во противничкиот шеснаесетник.
MESSI WITH AN OUTRAGEOUS TOUCH AND WEAK FOOT FINISH TO PUT INTER MIAMI AHEAD IN THE FIRST LEG 😳
(via @FOXSoccer)pic.twitter.com/W034QaF49C
— ESPN FC (@ESPNFC) February 20, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

