Челси бира помеѓу Ѓокереш, Шешко, Делап и Осимен

Приоритет за Челси во летниот преоден рок ќе биде ангажман на врвен голгетер, и според англиските медиуми засега четири имиња се во игра за да и засилат „сините“.

Според информациите, некогашниот англиски и европски првак ќе бира помеѓу Виктор Ѓокереш, Бенџамин Шешко, Лиам Делап и Виктор Осимен.

Главен кандидат е Ѓокереш кој бележи одлични резултати со Спортинг. Сепак, откупната клаузула изнесува 84 милиони фунти, па наводно португалскиот тим бил подготвен да го пушти за сума од околу 60 милиони фунти.

Оваа сезона во 34 меча, Швеѓанецот постигна 34 голови и седум асистенции. Исто така ако не успее со Ѓокереш, тогаш Челси веројатно ќе се сврти кон Осимен, кој игра како позајмен во Галатасарај од Наполи, а исто така во комбинација се и Шешко од Лајпциг и Делап од Ипсвич.

Се вчитува...