„Македонскиот“ Борац Бања Лука во осминафинале на Конференциската лига!

„Македонскиот“ Борац Бања Лука ќе игра во осминафиналето на Конференциската лига на УЕФА откако во 1/16-финалната пресметка ја елиминираше Олимпија Љубљана.

На реванш дуелот во Љубљана, Борац Бања Лука одигра без голови, доволно за пласман во следната рунда, откако на првиот меч пред своите навивачи триумфираше со 1-0 со гол во последните секунди од средбата.

Олимпија во 7. минута на денешниот дуел не реалзираше и удар од белата точка.

Бобан Николов настапи до 90. минута од средбата кога тактички беше заменет во финишот, Себастијан Херера го одигра целиот дуел, а репрезентативниот голман Дамјан Шишковски остана на клупата за резервни фудбалери.

Пласман во осминафиналето обезбеди и Бетис и покрај домашниот пораз (0-1) од Гент, но продолжува понатаму поради гостинската победа од 1-3 на првиот меч.

И Пафос ќе игра во осминафиналето по победата над Омонија од 2-1, доволна по она реми (1-1) од првата средба.

Се вчитува...