Хаос во Љубљана: Жестока пресметка на навивачите на Борац и Олимпија, мечот продолжен за цели 20 минути (ВИДЕО)

Борац Бања Лука запиша историја за себе и за фудбалот во БиХ со пласманот во осминафиналето од Конференциската лига на УЕФА откако ја елиминираше Олимпија Љубљана во 1/16-финалето.

Но, вистински хаос го одбележа дуелот во Љубљана. Навивачите на двата клуба во 86. минута се судрија на трибините поради што мечот беше прекинат, се додека се смирија судирите.

Откако се смири ситуацијата, натпреварот беше продолжен за 13 минути, но на крај судиското продолжение траеше цели 20 минути. На крај заврши со почетните 0-0 што беше доволно за Борац Бања Лука за пласман во осминафиналето откако пред седум дена на домашен терен славеше со 1-0.

Се вчитува...