Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е херојот на Пелистер во денешната победа од 25-24 против Динамо Букурешт во 12. коло од Лигата на шампионите.
„Пелистерци“ бркаа важна победа за останување во игра за шестото место во Групата А кое води во следната фаза од најквалитетното европско клупско натпреварување, и таа им ја овозможи кој друг ако не репрезентативецот Никола Митревски со феноменална партија.
Вкупно 16 интервенции имаше Митревски на мечот, играјќи најважна улога во победата на македонскиот шампион, но секако број еден одбрана беше онаа во последната секунда при последните напад на гостите со кои го зачува триумфот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

