Жозе Мурињо, гостувајќи на подкастот кај својот поранешен фудбалер Џон Оби Микел, доби прашање дали мисли дека Фергусон или Гвардиола е подобар тренер.
„Ферги или Пеп? Не можете да ги споредувате. Не можете да споредите две различни генерации или нивниот потенцијал. За Премиерлигата и двајцата се историски личности. Но, за мене најголемата историска личност во Премиерлигата е Клаудио Раниери. Човекот беше шампион со Лестер. Тоа беше најголемата работа што можеше да се случи во историјата на Премиер лигата“ – рече Мурињо и продолжи:
„Да се освојат пет или шест трофеи со Манчестер Јунајтед или шест или седум трофеи со генерацијата што ја има Манчестер Сити е одлично, но Раниери и неговата работа со Лестер не може да се споредуваат. Тоа е најголемата победа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

