26. коло од Премиерлигата носи спектакл во Манчестер каде Сити ќе го угости Ливерпул во долго очекувано дерби кое воедно ги одбележа и последните години во англискиот фудбал.
Разликата во однос на минатото е тоа што овој пат на клупата на „црвените“ нема да биде Јирген Клоп, долгогодишниот ривал, туку Арни Слот кој го превзема клубот од германскиот стратег.
Во пресрет средбата Гвардиола доби новинарско прашање да го спореди Ливерпул под водство на Клоп и Слот по следеше дрзок одговор.
„Нема да одговорам на тоа прашање. Нема со вас да ја играм таа игра. Имам преголема почит и кон Јирген и кон Арни. Нивото на константност е сличен како оној кога беше тука Јирген. Заслужуваат да бидат на врввот и да се борат за титулата со Арсенал“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

