Шпанската фудбалска федерација ја одби жалбата на Реал Мадрид за црвениот картон на Белингем, и намалување на казната од два натпревари.
Англичанецот поцрвене откако му приговори на судијата Хозе Мунуера Монтеро. Црвениот картон предизвика многу полемики, со оглед дека фудбалерот негираше дека го навредил арбитарот.
Сепак, од федерацијата ја одбија жалбата на „кралевите“, па така останува суспезијата од два меча за Англичанецот.
Англичанецот ќе ги пропушти натпреварите против Џирона дома и против Бетис на гостински теерн во Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

