Флик: Не е нормално ова што им се случува на судиите во Шпанија

Барселона ја надмина резултатската криза и за само дваесетина дена успеа да ги прескокне Атлетико Мадрид и Реал Мадрид на врвот на табелата, во период во кој „кралевите“ испратија бројни поплаки за арбитражата на нивните натпревари.

Чашата беше прелиена со црвениот картон на Белингем на мечот со Осасуна, по што главниот судија неколку дена подоцна се пожали за огромен притисок не само врз него, туку и врз целото семејство. Ханси Флик на денешната прес-конференција пред утрешниот дуел со Лас Палмас испрати апел за смирување на страстите.

„Не можам да поверувам, ова што се случува на судиите во Шпанија и нивните семејства не е нормално. Тие мора да бидат заштитени, тоа е обврска на сите нас кои сме дел од шпанскиот фудбал. Сите правиме грешки, но не треба да се губи енергијата затоа што некој судија згрешил. Затоа и постои ВАР. Ми се чини дека ние клубовите по секој лош резултат покажуваме со прст кон судиите и со тоа само креваме уште поголема тензија“, истакна Флик.

Се вчитува...