Реал Сосиедад скапо ја плати победата на синоќешниот реванш против Митјиланд поради повредата што ја заработи Лука Сучиќ, 22-годишниот хрватски репрезентативец кој сезонава е меѓу најдобрите фудбалери на клубот од Сан Себастијан.
Сучиќ се пожали на болка во коленото, деталните прегледи покажаа дека не танува збор за кинење на лигаментите, туку само за истегнување. Сепак, проблемот не е нималку нивен, Сучиќ ќе мора целосно да мирува во следните дваесетина дена, по што ќе следат нови прегледи и ќе може да се додаде понкретна прогноза кога тој би можел да се врати назад на терените.
Хрватот ќе го пропушти полуфиналето од Копа дел реј против Реал Мадрид, потоа и дуелот од Ла Лига со Барселона, а огромни се шансите тој да не биде во комбинација за двата натпревара од осминафиналето од Лигата на Европа против Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

