Аморим: Не можеш да му кажеш „не“ на Манчестер Јунајтед

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим во последно време се соочува со критики во јавноста поради продолжување на слабите резултати на неговиот претходник Ерик тен Хаг.

Португалецот дојде во Манчестер за подобри резултати, но засег тоа го нема. Поранешниот тренер на Спортинг Лисабон, открива зошто ја прифати понудата од „Олд Трафорд“, и покрај тоа што бележеше одлични резултати со португалските „зелено-бели“.

„Имам мои причини зошто ја прифатив понудата. Свесен бев за ризикот. Да, ризик секогаш постои, но бев подготвен да го прифатам тој ризик. Ова е Манчестер Јунајтед, не можеш да му кажеш „не“. Сепак, станува збор за еден од најголемите клубови во светот“, рече Аморим.

Се вчитува...