Првото летно засилување на „Олд Трафорд“ доаѓа од Спортинг Лисабон

Оваа сезона во Премиерлигата е целосно промашена за Манчестер Јунајтед. Сега останува само да се доигра, и се очекува без проблем да го обезбеди опстанокот, а не лето тимот да претрпи ремонт.

Така според шпекулациите, тимот од Олт Трафорд веќе го пикираше првото засилување за идната сезона. Станува збор за играчот на Спортинг Лисабон, Џовани Куенда, кој ќе биде првото засилување на Рубен Аморим следното лето.

Според информациите, Манчестер веќе стапил во контакт со агентите на фудбалерот и наскоро ќе почнат официјално преговорите за негово доведување.

Овој 17-годишен фудбалер кој игра на десната крилна позиција би требало да биде платен енормни 50 милиони евра и Спортинг најверојатно ќе го пушти за таа сума, иако во договорот со португалскиот тим има откупна клаузула од 100 милиони евра.

Се вчитува...