Од Барса на лето си заминува играч кој неодамна го продолжи договорот!?

Роналд Араухо неодамна потпиша нов договор со Барселона, што ги воодушеви навивачите на каталонскиот клуб, но се чини дека тоа не му гарантира останување бидејќи Уругваецот би можел да направи спектакуларен трансфер на лето.

Оваа сезона Араухо го пропушти првиот дел поради повреда, а по враќањето не се врати во стартниот тим, со што се појавија шпекулации дека би можел да замине. Јувентус и Баерн Минхен покажаа интерес, меѓутоа тие понуди беа одбиени, па Уругваецот доби продолжување на соработката.

Шпанските медиуми пишуваат дека продолжувањето на договорот не гарантира дека Араухо нема да ја напушти Барселона, а се појавија шпекулации дека тој би можел да ја смени страната на крајот од оваа сезона. Араухо во моментов не е во прв план на Ханс Флик, кој се потпира на услугите на младиот Пау Кубарси и на Иниго Мартинез. Иако Јувентус се откажа од него, сега во приказната се приклучи и Манчестер Јунајтед.

Тимот од Олд Трафорд веројатно е подготвен да плати дури 100 милиони евра да го доведе во своите редови. Тоа е двојно повеќе од онаа сума која наводно Јувентус беше подготвен да ја понуди претходниот месец.

Се вчитува...