Шампионската титула патува кон црвениот дел на Ливерпул, откако поплaднево Арсенал претрпе пораз на домашен терен од Вест Хем со 0-1. Со тоа Арсенал не го искористи „киксот“ на Ливерпул, кој одигра 2-2 против Астон Вила пред неколку дена. Разликата помеѓу овие два тима сега изнесува осум поени во корист на „црвените“ од Енфилд.
Стрелец на голот вреден победа беше Боувен кој погоди во 44. минута од средбата. Арсенал се обиде во вториот дел да дојде до израмнување, меѓутоа нивните надежи се намалија по црвениот картон на Луис-Скели кој влезе во игра во вториот дел.
Тотенхем дојде до триумф над Ипсвич со 1-4, додека Борнмут загуби дома од Вулверхемптон. Победа славеше Кристал Палас кој го победи Фулам на негов терен. Брајтон со 0-4 убедливо го совлада Саутемптон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

