Солзите на Даниела Алексовска за време на интонирањето на химната кои ‘во срце удираат’ (ВИДЕО)

Македонија запиша нова историја за домашниот ММА спорт со освоеното и второ злато на Европското првенство во ММА во јуниорска конкуренција кое се одржува во Белград.

Даниела Алексовска е нова европска шампионка доминантно победувајќи ја во финалето Украинката Анастасија Хордовиска, во исклучително кратка борба затоа штоа нашата Даниела уште во првата рунда победи благодарение на еден маестрален зафат, триаголник со нозе, по кој судијата неизбежно го прекине мечот и додели победа за македонската репрезентативка.

Алексовска со многу емоции го прослави златниот медал, не можејќи да ги сокрие солзите радосници за време на интонирањето на македонската химна. Момент кој, дефинитивно, не може никого да остави рамнодушен…

Се вчитува...