Барселона триумфално со Лас Палмас, за кам-бек на врвот во Ла Лига (ВИДЕО)

Барселона повторно се врати на врвот во Ла Лига, со бод предност во однос на Атлетико Мадрид, откако триумфираше со 0-2 на гостувањето против Лас Палмас во 25. коло.

Каталонците го скршија отпорот на домашните со два гола во второто полувреме.

Најпрво Дани Олмо, на асистенција на Ламине Јамал, стрелаше во 62. минута, а во последните секунди од мечот и Торес погоди за конечни 0-2.


Се вчитува...