Флик: Не игравме најдобро, но победа си е победа

Барселона со доста мака успеа да го скрши отпорот на Лас Палмас и да триумфира со 0-2 на гостувањето во Ла Лига, во натпревар по кој и тренерот на каталонскиот тим, Ханси Флик, не беше задоволен од играта на своите избраници.

„Се чувствувам некако уморен од овој меч. Ме исцрпи затоа што не одигравме најдобро. Тежок натпревар, од кој најважно е тоа што победивме. И кога не сме најдобри имаме играчи на клупата кои добиваат шанса да покажат што знаат. Голот на Олмо беше многу важен и за нас и за него. Неговото појавување на теренот беше многу позитивен момент“ – изјави Флик по дуелот.

По трумфот, во секој случај, Барселона повторно го презеде врвот во првенството со 54 бода, еден бод повеќе од Атлетико Мадрид и три бода пред Реал Мадрид, кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...