Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски одигра извонредна партија во победата на Колорадо во НЦАА лигата во САД.
Колорадо на домашен терен триумфираше над Бејлор со 76-74, во која Јакимовски имаше одлична вечерва завршувајќи со 17 поени, дополнети и со седум асистенции и пет скока.
Македонскиот кошаркар беше убедливо најдобар поединец во својот тим, водејќи го Колорадо до триумфот во неизвесен натпревар. За 32 минути на паркетот, од постигнатите 17 поени, запиша дури пет тројки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА